Феликс своите почетоци ги бележи уште од 1991 година.
Искуството и традицијата се основните принципи на кои што се темели компанијaта. Како резултат на тоа се должи застапеноста на домашниот пазар а воедно и соработката со странски компании.

Денес, Феликс брои над 70 вработени. Ја напуштивме групата на мали претпријатија и преминавме во средни претпријатија.
Нашата примарна дејност е производство на кеси од полиетилен.
Како водечка компанија во регионот постојано се стремиме кон унапредување, раст и развој.
Во Феликс се работи со висока контрола на квалитетот.
Постојано се залагаме за имплементација и инвестирање во нови технологии. Посебен акцент ставаме на контрола на производствениот процес.
Во 2014 година нашиот асортиман го збогативме со уште една дејност. Отворивме уште еден објект во Струмица каде што печатиме флексо амбалажа.  Феликс Флексо е лоциран во Василево, Струмица и примарната дејност е печатење на фолија, што се користи во прехранбена индустрија.

Заедно ги следиме светските стандарди и работиме на истражување на пазарот за своето ширење надвор од рамките на државата.

Нашите производи се биоразградливи и не ја загадуваат животната средина.
Посветеноста во работата не прави успешни и горди.

Тимот на

Феликс и Флексо