Политика за квалитет, животна средина и безбедност и здравје при работа
Феликс како лидер во производството и трговијата со полиетиленски кеси своите работни активности ги спроведува преку доследна примена и континуирано подобрување на интегриран систем за управување со квалитет, животна средина и безбедност и здравје при работа заснован на барањата на стандардите ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001 преку кои обезбедува:
- квалитетен производ кој е темел на нашиот успех и основа за понатамошниот развој
- здрава и безбедна средина за вработените
- висок степен на заштита на животната средина
Цели за перформанси на интегрираниот систем се:
- Исполнување и надминување на очекувањата на нашите корисници
- Висок квалитет синоним за понудените наши производи и услуги
- Создавање на долготрајни партнерски односи
- Постојано настојување кон унапредување на квалитетот на нашите производи
- Идентификување на сите аспекти кои имаат или можат да имаат влијание врз животната средина со цел спречување на нејзино загадување
- заштеда на ресурси и енергија, намалување или елиминирање на употребата на штетни материи и контролирано постапување со отпадот
Феликс е посветен на постојано подобрување на системот за управување со квалитет, животна средина и безбедност и здравје при работа. Свесни за својата одговорност во делокругот на своето работење и неговото постојано подобрување.